Научните истражувања покажуваат дека најдобра навика пред спиење е – сексот.

Во едно најново истражување спроведено на 460 испитаници на возраст од 18 до 70 години, 64% од нив рекле дека подобро спиеле ако претходно имале секс со партнерот/партнерката.

Бонус научен факт: Квалитетот на спиењето е поголем ако и двајцата доживеете оргазам!

Како сексот помага побрзо да заспиете и да имате поквалитетен сон?

Додека имате секс, не мислите што ќе правите следниот ден, не чепкате бесцелно низ телефонот, имате многу убаво и потребно оттргнување на вниманието“, изјави доктор Мишел Ластела, специјалист за спиење и сон, за Adelaide Now.

Начинот на кој сексот помага подобро да спиете можно е да биде поврзан и со вашиот пол.

Кај жените се намалува нивото на естроген после секс, што го засилува REM циклусот за подлабок сон. Кај мажите се лачи хормонот пролактин по оргазам, за што е потврдено дека има поврзаност со поспаноста“, вели психологот Рејчел Нидл, кодиректорка на Modern Sex Therapy Institutes.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.