Сексот на плажа е меѓу работите за кои може да мислиме дека се крајно романтични и возбудливи. Да, плажата дефинитивно создава чувство на романтика – бранови, морето се протега до бескрајот, ветрот си игра со нашата коса… Иако ова е идилична слика сепак, љубовните бакнежи таму може и да не се покажат баш како добра идеја. Еве зошто:

Крајниот резултат може да биде габична инфекција
Песокот во косата и лицето е едно, но сосема друга работа е кога тој ќе навлезе на најинтимните места. Не само што чувството е непријатно, туку можат да се внесат и бактерии во вагината кои можат да доведат до габични инфекции. Затоа треба да размислиме два пати пред да се упатиме со партнерот кон плажа со таква намера.

Недостаток на подмачкување
Оние кои имаат искуство со сексот под туш, добро знаат дека присуството на вода не е во помош на подмачкувањето – всушност ефектот е точно обратен. Истото се случува и ако сте во морето. Ако сепак идејата за секс на плажа ве возбудува, треба да се држите до сувите места.

Може да дојде до повреди
Никогаш не можеме да знаеме што се крие во песокот, особено ако сме на јавна плажа. Нашата љубовна сесија може да заврши со солзи или дури во ургентното одделение, ако седнеме на скршено стаклено шише, скриено во песокот на пример.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.