Пандемијата на корона вирусот во 2020 година предизвика промени на целокупниот живот на луѓето, кои мораа да променат многу свои рутини и навики.

Социјалната дистанца и физичкото оддалечување со другите се главната карактеристика на новото време, а во такви услови не останаа имуни ниту односите меѓу партнери, како и целокупниот интимен живот на луѓето.

Сексологот Тајоми Морган го разгледува прашањето која ќе биде карактеристиката на  2021 година на интимен план и дава три прогнози за тоа што ќе биде актуелно на полето на сексот во 2021.

Мастурбацијата како љубов и нега на самиот себе

Со сите тие дождливи, мрачни денови и карантини и физичка дистанца од другите луѓе, задоволството секој ќе го преземе во свои раце и така ќе се зголеми актуелноста на мастурбацијата – вели Морган.

Таа вели дека тоа ќе биде најбезбедната форма на сексуално задоволство.

Повеќе нема да има потреба од презервативи, а оргазмите позитивно ќе влијаат врз вашиот имунолошки систем – вели Морган

Користење сексуални помагала

Сексологот очекува дека секс-играчки ќе се купуваат повеќе од кога било, затоа што многу парови се затворени долго дома и веќе им е здодеано од сѐ.

Многумина дури за првпат токму годинава ќе одлучат да експериментираат со „помагала“ за да ја разбијат монотонијатаво спалната соба – предвидува Морган.

Виртуелни предигри и онлајн секс-состаноци

Во 2021 отвореноста кон онлајн-загревање на ситуацијата и задоволување без да излезете од дома ќе се засили. И тие што претходно биле против ова, сега ќе се одлучат да експериментираат на ваков начин – вели Морган.

Таа најавува дека тоа ќе биде новото нормално, што почна во 2020, а ќе трае и во 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.