Секс-експертот Тајоми Морган дава прогноза што ќе биде актуелно на поле секс во 2021.

Мастурбацијата како љубов и нега на самиот себе

Со сите тие дождливи, мрачни денови и карантини и физичка дистанца од другите луѓе, задоволството секој ќе го преземе во свои раце и така ќе се зголеми актуелноста на мастурбацијата“, вели Морган.

Ова ќе биде најбезбедната форма на сексуално задоволство. Повеќе нема да има потреба од презервативи, а оргазмите позитивно ќе влијаат врз вашиот имунолошки систем.

Користење сексуални помагала

Секс-играчки ќе се купуваат повеќе од кога било, затоа што многу парови се затворени долго дома и веќе им е здодеано од сѐ. Многумина дури за првпат токму годинава ќе одлучат да експериментираат со „помагала“ за да ја разбијат монотонијатаво спалната соба.

Виртуелни предигри и онлајн секс-состаноци

Во 2021 отвореноста кон онлајн-загревање на ситуацијата и задоволување без да излезете од дома ќе се засили“, вели Морган. И тие што претходно биле против ова, сега ќе се одлучат да експериментираат на ваков начин.

Ова ќе биде новото нормално, кое започна во 2020, а ќе трае и во 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.