Постојат три начини да ги препознаете мажите што немале секс со месеци, а можеби и со години, според нивниот тип. Првите два типа лесно се воочуваат врз основа на мимиката, гестикулацијата и говорот на телото. Но, мажите од третиот тип се најголема мистерија и вешто кријат дека немале односи со жени со години.

Опуштен сум, а мозолчињата ги носам како ордени

Овој тип е класика. Лесно се воочливи. Се собираат во групи, а во состојба се со часови да ги набљудуваат жените без никакви намери да им пријдат.

Во поголемиот број случаи се разботи за мажи со низок степен на самопочит, а самодовербата ги напуштила уште во прва година средно кога некоја девојка пред целиот клас глас им соопштила дека попрво би отишла во пеколот отколку да оди со него во кино.

Траумата од средното училиште некако ја прекриле со потиснување на настаните, па може да се сретнат на јавните места (клубови и кафулиња) како со пивско шише во рацете се додворуваат на патот од подиумот до тоалетот.

Глумам фраер, а девојка не сум видел

Ова е поопасен тип. Се работи за мажите што ја негираат вистината и склони се на самозалажување. Во друштво се претставуваат како големи заводници, љубовници без граници кои имаат голем успех кај жените во нивното окружување и подалеку. Заправо, сите нивни љубовни потфати немаат сведоци.

Обично раскажуваат бајки како ги одвоиле најубавите странки на летувањето во Закинтос, како имаат несовладлив сексуален апетит… Во јавноста секогаш даваат впечаток на смирени и кул ликови што се контролираат.

Тие се мошне уверени дека облеката е важен детал на секој сериозен љубовник, многу време поминуваат на интернет во потрага за победнички изглед што ќе им ја донесе наклонетоста на припадничките на понежниот пол. Секогаш се воздржани и извештачени. Целиот живот ги следи грч. Обично првото љубовно искуство го имаат по 20-тите години и тоа со дамите чијашто љубов се плаќа.

Имам девојки, но ми бегаат

Тие се енигма, крстозборка и судоку во едно. Благодарение на добрата приказна и ставот на кул лик, успеваат од време на време да одвојат некоја припадничка од поубавиот пол. И тоа не затоа што се неодоливи, туку затоа што нашите жени се очајни поради фактот дека на пазарот секогаш владее голем дефицит на добри фраери.

И наместо да ја користат таа предност на новото доба, тие се ќе упропастат. Веќе по првиот бакнеж тие скокаат врз жената. По таквотот искуство, 99, 9 отсто жени ќе побегнат со уверување дека мажите се лоши. Не без причина. Сепак, како што уопштувањето секогаш било кратенка до предрасудите, дамите го менуваат мислењето по неколку месеци.

Во машкото друштво овој тип се фали со неговите донжуански потфати. Тој е одличен теоретичар, а со праксата стои малку послабо и нема женски пријатели.

Извор: Б92

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.