Истражувачите од данскиот Универзитет во Архус заклучиле дека оние кои го сакаат и го јадат сирењето во поголеми количини имаат подобар сексуален живот, за разлика од оние кои го одбегнуваат, а имаат и подолг животен век.

Обожавателите на сирење имаат подобар сексуален живот за разлика од оние кои не го сакаат, покажале резултатите од истражувањето кое го спровеле Данците.

Експертите од Универзитетот во Архус опфатиле 4 600 испитаници, а заклучиле дека 32% од „сиромашните” имаат најмалку 6 пати секс седмично, додека 27% од оние кои не го консумираат, не можат да се пофалат со овој резултат.
Од ова истражување се дошло до заклучок дека љубителите на овој млечен производ се великодушни и дека главно се бават со екстремни спортови.

Данците тврдат дека Французите живеат здраво и долго токму затоа што го сакаат и го јадат сирењето во големи количини. Тие имаат помала стапка на кардиоваскуларни болести и подолг животен век, бидејќи годишно јадат 23,9 килограми сирење по човек. Од друга страна, Британците годишно консумираат 11,6 килограми од овој производ, па имаат двојно повеќе кардиоваскуларни болести и живеат пократко за барем неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.