Речиси секоја жена мора да ги направи своите мали ритуали пред да се впушти во сексуалниот однос.

Жените најчесто ги прават овие работи пред сексуалниот однос:

1. Облекуваат секси долна облека

Секси долната облека секоја жена ќе ја направи посигурна и ќе има повеќе самодоверба.
2. Се депилираат

Една од причините поради која жените одбиваат да имаат секс со својот партнер е поради тоа што не се издепилирани.

3. Подготвуваат романтична и сексапилна музика

Доколку мажите со кои се гледаат први доаѓаат во куќата тогаш ќе се обидат во позадина да свири сензуална музика која ќе ги разбуди страстите.
4. Цел ден внимаваат што јадат

Доколку навечер очекуваат акција тогаш тие избегнуваат храна која може да ги надуе или пак да им создаде гасови.
5. Проверуваат дали мирисаат убаво

Мирисот под пазувите додека се соблекуваат секогаш се чувствува па затоа жените секогаш внимаваат да мирисаат убаво.
6. Се освежуваат долу

Користат миризливи марамици, спрејови… Но, најздраво е да се истуширате за да ги освежите женските интимни делови.

7. Се прашуваат дали испиле апчиња за контрацепција

И во главата на најпедантната жена која внимава на многу работи, непосредно пред сексот се појавува момент на сомнеж дали земале контрацепција.
8. Се насмевнуваат самите на себе во огледало

По депилацијата, освежувањето, облекувањето, останува само уште една работа – поглед во огледало, насмевка и да си каже самата себе: „Изгледам фантастично!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.