Напнатоста и притисокот во мускулите на главата и вратот за време на водењето љубов може да доведат до силни главоболки, кои траат од неколку минути до цел час.

Претходните истражувања покажаа дека овие главоболки погодуваат околу еден процент од населението, но новите студии наведуваат дека овој процент е веројатно поголем. Тие се три до четири пати почести кај мажите, иако британски научници предупредуваат дека е можно бројката да е многу поголема затоа што многу мажи дури и не го пријавуваат за лекарски преглед.

Главоболките по водењето љубов, според тоа, не се невообичаени и не се опасни. Ако планирате да имате однос, и знаете дека сте склони кон тоа, може да земете благ аналгетик пред „дејството“.

Ако овие главоболки се многу чести и силни, сепак консултирајте се со доктор, особено ако е придружена со други симптоми како што се проблеми со видот, гадење или слични алармни знаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.