„Бело прање“ кај жените се појавува поради повеќе фактори. Овој секрет го предизвикуваат разни воспаленија на матката, габични заболувања, стрес, а може да биде и последица од користење на некои лекови.
Секретот, односно „бело прање“ е нормална појава кај жените но во помали количини, кои се зголемуваат во периодот на плодните денови.
Сепак, ако се појави зголемување на количината на секретот треба да се делува. Прво, треба да се знае дека во таква ситуација не смеат да се користат хемиски средства за интимна хигиена. Според научните истражувања користењето на каков било вид на сапун неповолно влијае на одржувањето на киселоста на матката.
За лекување на проблемите настанати од „бело прање“ се препорачува користење топла вода и чај од камилица. Треба да се носи и памучна долна облека која нема да ве стега.
Природно лекување на белото прање со помош на маслиново масло и невен
Во природно маслиново масло ставете невен, смесата нека постои неколку дена на топло и сончево место. Маслото кое го користите треба да биде без конзерванси, а наместо невен може да се користи кантарион. Дел од смесата пред спиење нанесувате во матката и ја оставате да постои што повеќе.
Лекување на бело прање со помош свинска маст
Прво измијте ја маста десет пати. Значи, во садот со свинска маст ставете доволоно вода за да може смесата да ја мешате одредено време. Потоа отстранете ја водата, па ставете нова, чиста вода, тоа повторете го десет пати. После овој процес можете да ја користите маста. Намачкајте слој од маста на памучна крпа и ставете ја како влошка. Оваа терапија користете ја навечер околу десет пати помеѓу менструални циклуси. Оваа терапија со сигурност ќе ви излечи повеќе од воспаленијата и инефциите кои ги имате во интимната зона.
Лекување на секретот со помош на чај
Чајот од дива бела детелина е многу добар за лекување на секретот. Чајот се добива од цветовите на дивата бела детелина кои се сушат под сенка, а се пијат по две чаши дневно.
Чајот од plantain herb (броквица) е добар за сите женски заболувања. Се препорачува да се конзумира од време на време
Семе од рогата детелина
Ова семе е полезно за леукореа. Тие треба да се земаат во форма на чај и да се користи ваквата течност за испирање. За испирање на половиот орган, течноста треба да биде појака од вообичаено. Две к.л.од семе од рогата детелина треба да се стави во литар ладна вода и да отстои половина час на тивок оган. Потоа овој екстракт треба да се филтрира и да се користи како средство за испирање.
Семе од манго
Семето од манго е полезно за леукореа. Една лажичка од семе на манго се аплицира внатре во вагината за полезни резултати.
Листови од орев
Листовите од орев содржат прочистувачки хемикалии. Се прави екстракт од свежи листови од орев и се употребува како средство за испирање на половиот орган кај жените за третирање на леукореа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.