Ако ја анализираме современата поп-култура, филмските и телевизиските содржини, но и социјалните мрежи, би помислиле дека сексуалната активност е многу позачестена одошто навистина е. Како што се чини, претераната еротизација не довела до пораст на интимните односи.

Доктор Логан Левкоф, научник и едукатор на полето на семејни и интимни односи од Универзитетот во Њујорк имал краток и јасен коментар по повод агресивните поп-културни еротизирани кампањи во последните три децении:

„Во најголемиот број случаи, моделот што е претставен во сериите, филмовите, медиумите и на социјалните мрежи не се одразува во реалноста, ниту во односите помеѓу луѓето.“

„Не го сакам и не го поддржувам тој збор – нормално. Секој човек е различен и секоја врска е различна“, објаснува Левкоф.

Имено, според истражувањето „Сексуално однесување“ утврдено е дека просечниот човек има 54 сексуални односи годишно. Овој број е помал за 10, изнесувал 64 сексуални односи годишно во 1990-тите години. Тоа значи дека бројот на односи се намалува низ децениите.

„Истражувањето објавено во ’Социо-психолошка студија на личноста’ покажува дека двојките се среќни доколку имаат односи еднаш неделно. Но тоа не значи дека се посреќни ако ги имаат повеќе на неделно ниво“, објаснува Левкоф.

„Блискоста и интимноста се основна човечка потреба. Во емоционалните врски што траат со години многу е важно овој аспект на односот да се одржува во живот. Она што е најважно и што двојките мора да го запомнат е дека не постои магичен број на односи што ќе ги направи среќни. Отвореноста на партнерите еден кон друг и разговорите за фантазиите и желбите мора да се случат порано или подоцна ако сакаат да им успее овој аспект од врската, а кој е еден од столбовите што ја одржуваат врската“, заклучува Левкоф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.