Најинтензивен оргазам кој може да трае и по 30 секунди, за разлика од вообичаеното времетраење од 10 до 20 секунди, жените доживуваат во периодот од 13 до 17 часот, вели една онлајн студија. Уживањето во сексот во попладневните часови кај мажите не е поголемо, но секако ќе се зголеми кога ќе забележат дека нивната партнерка баш тогаш е посебно „расположена“.

Стручњаците велат дека нема научно објаснување зошто е тоа така, односно зошто женскиот оргазам е најголем во тој период од денот, но велат, може да е поврзано со промените на нивото на половите хормони. Психолошкиот фактор е исто така значаен, па така попладневниот секс носи доза на новост и разбивање на рутината, како и чувство на „забрането овошје“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.