Кај некои, оваа потреба е силна и моментална, додека кај други се појавува и по неколку минути

Во вакви ситуации, речиси сечие тело реагира на истиот начин, а тоа е потребата за мокрење по интимните односи.

Таа кај некои жени може да биде многу силна и моментална, додека кај некои се појавува и по неколку минути. Тоа никако не смеете да го игнорирате!

Сексот е чин за време на кој телото минува низ бројни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, телото речиси кај секого реагира на многу сличен начин.

Зошто ни се мокри по секс?
Нашето тело е склопено многу софистицирано, а неговата улога е максимално да нè заштити од сите потенцијални опасности што ни се закануваат. Една од тие опасности се крие во бактериите.

Имено, за време на сексуалниот однос, телото е изложено на бројни бактерии што може да се скријат на места каде што во ниту еден случај не би сакале да ги имаме.

Специјалист по урологија открива и како воспалението на мочниот меур е директно поврзано со сексуалниот однос:

„За време на сексуалниот однос, бактериите се шират низ мочниот канал кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутни воспаленија на уринарниот тракт. Со уринирањето по сексот, всушност, го прочистуваме мочниот канал од тие бактерии“, објаснуваат докторите.

Токму затоа, ако почувствувате силна потреба за мокрење по сексот, одложете го милувањето неколку минути и прво послушајте го вашето тело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.