Несекојдневна медицинска интервенција беше објавена неодамна во магазинот специјализиран за уролошки случаи. Како што пишува д-р Амер Амин, тој еден месец лекувал 45-годишен маж, кој за малку ќе го изгубел својот пенис зошто со инекција си вбризгал „вазелин“.

Мажот побарал лекарска помош по пет дена болки и чешање во интимните делови. Бил хоспитализиран со „значително многу насобрана течност и чирови врз целиот орган, додека врвот веќе почнал да му скапува и крвари“.

Пациентот, исто така, имал треска и висока температура. Биле потребни три последователни операции за да се отстрани мртвото ткиво, а биле потребни 10 дена за температурата да му спадне, а крвта повторно самостојно да работи во органот.

Проблемите започнале две години откако си инјектирал „вазелин“ во обид да си го зголеми пенисот.

Според доктор Амин, ова не е непознат случај меѓу мажите од островите во Јужен Пацифик, кои покрај „вазелин“ знаат да си инјектираат масло или восок за истата намена. Неговите анализи покажале дека симтомите на гангрена почнуваат околу 36 месеци после инјектирањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.