Не се бакнувајте и носете маски за време на сексуалниот однос за да се заштитите од коронавирус, порача една од водечките канадски докторки, Тереза Там, пренесува „Ројтерс“.

Вели дека шансите за пренесување на вирусот преку сперма или вагинална течност се мали, но сексуални активности со нов партнер го зголемуваат ризикот од трансимисија на Ковид-19, особено ако има близок контакт како бакнување.

Како и останатите активности што вклучуваат физичка брзина, постојат и некои работи што може да ги направите за да го намалите ризикот од ширење на вирусот. Прескокнете го бакнувањето, избегнувајте средба лице во лице, носете маска што ги покрива устата и носот и контролирајте ги потенцијалните сопствени симптоми и симптомите на својот партнер, вели Там и додаде дека најсигурна сексуална активност е онаа во која учествуваме самите со себе.

Сексуалното здравје е важен дел од севкупното здравје и со преземање на мерки на внимателност, Канаѓаните може да најдат начини за уживање во телесната интимност. Со тоа, истовремено, ќе го штитат напредокот што го постигнавме во борбата со коронавирусот- заклучи Там.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.