Жаклин Адес од Аризона е уапсена бидејќи му истратила неверојатни 159.000 смс на маж кого го запознала преку интернет, излегле само еднаш и тој повеќе не сакал да ја види.

Десет месеци по средбата Жаклин секојдневно му испраќала смс на несреќникот, па порака по порака се сториле 159.000 пораки, од кои повеќето биле вознемирувачки.

Вонемирениот маж се јавил во полиција кога Жаклин се паркирала пред неговата куќа и одбивала да си замине. Истото го сторила неколку месеци подоцна, кога морала да интервенира и полицијата. На крајот, била уапсена бидејќи ја пронашле како се капе во кадата на несреќникот.

Жаклин е задржана во полицијата, а на седиште во нејзиниот автомобил бил пронајден голем месарски нож.

Мислам дека си направив цел филм како живеам во неговата куќа, па едноставно сакав да се придржувам до улогата, им рекла на полицајците, кои се уверени дека покажува знаци на ментална нестабилност.

Дневно му испраќала 500 пораки, од кои дел биле многу морбидни

„Би направила суши од твојот бубрег и би го јадела со стапчиња направени од твоите коски“, „О, што сѐ би направила со твојата крв, би се капела во неа“, „Немој да ти падне на памет да ме оставиш. Ќе те убијам“, гласеле дел од пораките.

Жаклин подоцна во полицијата рекла дека нешто ја обзело и дека никогаш не би му наштетила.

Во ред е ако не ме сака. Ќе сака друга. Тој има толку љубов која треба да се сподели. Пресладок е. Не ми се верува дека го исплашив, рекла во полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.