Неколку македонки откриваат како изгледал нивното најдобро секс искуство, што ќе го паметат цел живот.

Емилија (26) ги почувствувала сите задоволства што може да ги пружи сексот со позната личност.

Излегов во познат клуб во кој често доаѓаат ВИП-личности. Се упатив накај сепареата и по неколку голтки од коктелот забележав дека ме гледа еден познат ТВ-водител, кој веќе некое време ми се допаѓа. Ми пријде, танцувавме и разговаравме неколку часа, а потоа заминавме во неговиот стан. Таа ноќ го доживеав највозбудливиот секс во мојот живот! А, ако сакам да ги освежам сеќавањата на тој миг, доволно е само да го вклучам телевизорот!

Нада (29) доживеала вистинска филмска приказна во која нејзиното момче Стефан се претворило во суперхерој.

Веќе беше полноќ, а јас сè уште стоев на осамената автобуска станица, 30 километри надвор од гадот, размислувајќи како ќе се вратам дома. Го пропуштив последниот автобус и бев на работ на нервите. Му се јавив на Стефан, моето ново момче, со кого тогаш имав излезено само двапати. Сè уште добро не се познававме, но почувствував потреба да поразговарам со некого за да ми биде полесно. Ни на крај памет не ми беше дека ќе се понуди да дојде по мене со автомобил. Стигна за нецел час, дури ми донесе и сендвич и кафе. Додека се поздравувавме, пред мојата зграда, почнавме да се бакнуваме и не знам како се најдовме во мојот стан. Првпат водевме љубов… и тоа неколку пати! Оттогаш поминаа две години и сè уште сме заедно.

Четиримесечната разделеност ја разбудила љубовта на 27-годишната Бојана кон нејзиното момче Марко, а ѝ се зголемила и потребата за секс!

Марко се враќаше од Кипар и јас бев многу нетрпелива – горев од желба да бидам со него. Мојата прва реакција кога го здогледав беше, искрено: ’Вау!’ Онака исончан, со нагласени мускули, мојот сакан беше попривлечен од кога било. По влегувањето во станот, уште од вратата почнавме да се соблекуваме, препуштајќи ѝ се на инвазијата од страсти. При секој негов допир треперев со целото тело, водевме љубов диво, во огномет од емоции.

Миа (25) уживала во фантастичен секс со маж чие име никогаш не го дознала

Бев на одмор во Грција и по обемниот појадок во хотелот, одлучив да го потрошам вишокот калории така што цело попладне ќе возам велосипед. Кога влегов во агенцијата што изнајмува велосипеди, го здогледав најзгодниот маж на светот… Тој трпеливо им објаснуваше на туристите како се префрлуваат брзините, потоа ми пријде и продолжи да флертува. Во еден миг почувствував дека ужасно ме привлекува, помислив дека ќе умрам ако не го имам! Го земав за рака и го однесов во задниот дел на продавницата, каде што речиси се срушивме на големиот куп гуми за велосипеди. Беше тоа најдобриот секс во мојот живот.

Добрите пријатели – Жана (28) и Горан (30) си го забрзале пулсот еден на друг за време на едно заедничко излегување

Во тоа време имав 21 година и уште ја немав почувствувано сексуалната магија. Со Горан почнав да се дружам додека студиравме на истиот факултет, но тој никогаш не ме привлекуваше како маж. Така беше сè до вечерта кога, од причина која сè уште не ми е јасна, почнавме да се бакнуваме. Не, не бевме пијани, ниту специјално расположени, едноставно, како стари пријатели седевме кај мене дома и пиевме чај. И одеднаш се наведнавме на масата… При секој негов допир, имав впечаток дека низ моето тело поминува струја од 1000 волти!

За Николина (30) брзиот утрински секс со сопругот Славиша (32) бил совршен почеток на работниот ден

Мојот маж изгледа многу привлечно во костум. Едно утро додека ја закопчуваше кошулата и ја врзуваше вратоврската, почувствував силна возбуда и сфатив дека сакам оргазмичен почеток на денот. Му кажав да легне, го кренав здолништето и му ги откопчав панталоните. Сознанието дека имаме многу малку време го зголеми возбудувањето, поради што и двајцата многу брзо доживеавме оргазам. Потоа станавме, ја поправивме гардеробата, се бакнавме и побрзавме на работа. Цел ден на својата кожа го чувствував мирисот на неговиот автершејф што многу ми годеше. Сексот обично не е првото нешто на што помислувам кога ќе ги отворам очите, но никогаш нема да го заборавам тоа утро, како ни тој ден што го поминав со насмевка на лицето, присеќајќи се на мојата мала ѓаволштина!

Извор: Засе.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.