Мастурбирањето е единствен начин секогаш, ама баш секогаш, да доживеете оргазам. Но, ако секојпат кога се самозадоволувате постигнувате оргазам на ист начин можеби треба да внесете малку имагинација во задоволството. Не е битно што сте сами, и тогаш нештата можат да бидат забавни.

Ајде да зборуваме за клиторисот

Најлесниот начин да се задоволите себеси е стимулација на клипорисот се додека ѕидовите на вагината не почнат да прават контракции. Милувајте ги усните на вашата вагина, полека движејќи се кон клиторисот. Со постојани движења со среден притисок движете ги прстите во мали кругови на клиторисот, и користете лубрикант за полесно да постигнете оргазам.

Големото О

Задевајте се самите себеси пред да достигнете оргазам. Како што ќе се наближувате кон врвот, престанете барем три пати пред да дозволите да се случи тоа. Колку повеќе чекате, толку посилен оргазам ќе доживеете.

Погодете ја точката

За да ја најдете Г-точката, лизгајте со прстите во вашата вагина и свиткајте ги прстите кон предниот ѕид на вагината. Посегнете кон грлото на матката, а потоа повлечете ги прстите кон ѕидот на грлото на матката. Г-точката е оној рапав дел на кожата кој се разликува од остатокот од кожата, и кој кога се стимулира може да направи да доживеете експлозивен оргазам. Уживајте.

Погодете ја другата точка

Некои жени доживуваат интензивна чувствителност околу нивната У-точка, мало местенце на ткивото над мочниот канал, веднаш под клиторисот. Милувајте го овој дел и додадете магија во истражувањето на вашето тело.

„Надворешна“ помош

Доколку не успевате да дојдете до крај само со прстите или сакате малку да ги зачините нештата, најдобра асистенција може да биде вибраторот. Кај некои жени допирањето со вибраторот на клиторисот може да биде премногу интензивно, затоа наместете го во близина, а не врз самиот клиторис и ќе постигнете одличен ефект. Пробајте да ја стимулирате и вашата лабиа или пак, истражете како би било да ги стимулирате двете заедно.

„Без раце“

Некои жени можат да доживеат „фантазија“ оргазам, односно буквално да се доведат себеси до оргазам со помош на своите мисли. Обидете се да имате влажни сништа на јаве, легнете на креветот и фантазирајте за најжешкото искуство кое би сакале да го имате или сте го имале. Дозволете и на вашата фантазија да беснее.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.