Колку често треба да имате секс за да ја одржите интимната поврзаност во врската и да бидете среќни? Кога сте во врска сосема е нормално да се прашувате дали вашиот сексуален живот во ред и колку често другите парови имаат секс.

Научници од Универзитетот во Торонто направиле истражување кое открива поврзаност помеѓу имањето секс барем еднаш неделно и зголеменото ниво на среќа.

Еднаш неделно секс е доволно за да ја одржи поврзаноста и интимноста – покажува истражувањето.

Сепак, научниците додаваат дека со партнерот треба да разговарате за тоа и целта да не ви биде постигнување на некоја си бројка, туку едноставно работење на интимната поврзаност и нивото на среќа.

Сексологот, Џес О’Рајли, вели дека нема стандардна бројка и сѐ е индивидуално и додава дека не постои такво нешто како премалку или премногу секс. Едноставно интензитетот зависи од сексуалната желба на партнерите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.