Девојка му го одгриза пенисот на човекот што ја киднапира и проба да ја силува. Американската полиција го обвини 61-годишниот Денис Слатон за криминално сексуално однесување и киднапирање, за инцидентот кој се случил во август, во Гринвил, Јужна Каолина.

Според обвинението, Слатон ја собрал жртвата со својот автомобил од бензиска станица, откако ѝ понудил превоз. Таа вели дека веднаш почувствувала дека нешто не е во ред и побарала да излезе, а за маките му понудила пет долари.

Но, тој извадил нож со кој ѝ се заканил и ѝ рекол дека му должи 300 долари. Под закана ја одвел дома, каде сексуално ја злоупотребил. Но, за време на нападот, како што пишува во обвинението, девојката успеала да му го одгризе пенисот на напаѓачот, по што му го одзела ножот и го пробола во задникот.

Тој почнал да ја брка, но таа успеала да избега и гола и прекриена во крв барала помош од околните куќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.