Водењето љубов на обала и под отворено небо е синоним за вистинско медитеранско доживување. Заради тоа, ви нудиме неколку едноставни, а сепак практични совети со чија помош ова лето ќе уживате во фантастичен морски секс.

Еве што треба да направите…

Секс навечер

Почекајте ја ноќта за да ги ослободите страстите. Не само што ќе ги намалите шансите да бидете видени, туку и вашите други чувства полесно се активираат во темна, интимна атмосфера под ѕвездите.

Вовлечете се помеѓу карпите

Побарајте места кои се опкружени со големи карпи и вовлечете се меѓу нив, а потоа препуштете се на морските страсти.

Задржете ја облеката

Доколку се согласите на секс преку ден, бидете облечени бидејќи така најбрзо ќе може да се извлечете од некоја незгодна ситуација. А и облеката понекогаш знае да биде посекси отколку голото тело. На девојките им се препорачува да носат здолниште.

Бирајте поза

Секогаш согласувајте се на поза во која лежите еден до друг, бидејќи доколку некој наиде ќе делувате како пар кој ужива во мазењето покрај брановите. Не експериментирајте со позите, бидејќи песокот и карпите не се најудобното место за тоа.

Секогаш имајте пешкир при рака

Практикувајте да се заштитите од непријатни ситуации и да го олесните срамот и напнатоста само заради тоа што сте на отворено.

Секс во вода

Ако не сте подготвени за секс на плажа, обидете се во вода. Таму ќе бидете најзаштитени од погледите, а оргазмот ќе биде едно сосема ново и необично искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.