Познато е дека сексот е одличен за вашето здравје, но придобивките што ги има вашето тело од него зависи од тоа колку пати неделно го практикувате.

Сексот четири пати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Доколку сте често „зафатени“ во спалната соба, подолго време ќе останете младолики.

За време на сексот се зголемува производството на колаген, кој ги спречува брчките и пегите на кожата, велат лекарите од Кралската болница во Единбург, кои биле вклучени во истражувањето на оваа тема.

Квалитетниот сексуален живот допринесува за одличен тен и блескава коса, бидејќи циркулацијата за време на сексот се забрзува. Со самото тоа, кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежо. Забрзаната циркулација поттикнува и ослободување на токсини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.