Квалитетот на љубовната врска зависи од многу фактори и навики – разбирање, компромиси, пожртвуваност се првите кои ќе ви паднат на памет.

Но, она што никогаш не би ви текнало се годините, освен ако разликата не е огромна.

Сепак, изгледа дека постои математичка формула која ја крие успешноста на врската.

Според едно истражување спроведено врз 3.000 мажи и жени во Европа, паровите каде мажите се 5 години постари од жените имаат најголема шанса за успех.

Спротивно на тоа, врските во кои мажот е 20 години или повеќе повозрасен од партнерката, имаат најмала шанса за квалитетен заеднички живот.

Докажано е дека жените емотивно созреваат 3 до 5 години порано од мажите, па веројатно тоа е причината за оваа совршена формула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.