Жените и мажите се депилирале уште во Древен Египет, но и покрај бројните познати методи на депилација, до неодамна сите бевме влакнести таму доле.

Со модерните времиња, пристигна и трендот на максимална голотија, па се повеќе млади жени напорно се трудат да ги елиминираат сите срамни влакна од јужните краишта. Мажите ќе одговорат дали ваквите обиди се неопходни, посакувани, прифатливи, или залудни:

Влакната се Ок, се додека се уредно потшишани – Јане 29

Мој фаворит е „бразилката“, ама повремено е супер да се разбие монотонијата со џбунче, под услов да е негувано – Драган 27

Дефинитивно, бразилка – Марко 26

Повеќе сакам уредна фризура, отколку „бразилка“ – Аце 30

Бразилка! – Ивица 27

Не мора нужно да биде „бразилка“, ама па ни шума не доаѓа предвид – Жарко 35

Ок е се што не е запуштено. Ако морам да бидам, тогаш потшишана фризура – Предраг 27

Или бразилка, или уредно потшишана „стаза“. Никако џбун – Марко 41

Бразилка, попривлечна е и понегувана – Роберт 27

Секоја жена по своја желба ја средува својата интимна зона, но сепак ако сакате да му угодите на вашиот партнер, обидете се со овие 3 интимни фризури:

Природна

Изгледот на сосема природна интимна зона долго се сметаше како неприфатлив, но последното истражување спроведено помеѓу мажите покажа дека природната интимна фризура се врати во мода. Дури 43 % од момците одговориле дека сè додека е уредна, ништо друго не е важно.


Бразилска

Сосема очекувано, 35% од мажите ја навеле бразилската како омилена. Некоја тенка линија е дозволена, но сите облици и форми сметаат дека се едноставно премногу.


Патека за слетување

Вертикалната линија со ширина околу 2 прста ја опишува француската депилација која е златна средина помеѓу бразилката и природната фризура. 22% од мажите ја одбрале оваа фризура како најпривлечна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.