Манекенката Никол Меклин, која долго време се бореше со инконтиненција – губење контрола над мокрењето, раскажува за одлуката која ѝ го променила животот – операција за подмладување на вагината. Иако на оваа операција жените најчесто се одлучуваат за подобар сексуален живот, за Никол најважно било да го реши проблемот со мокрењето, за на крај и самата да заклучи дека ова била најдобрата одлука во нејзиниот живот, па и оној сексуалниот.

Не можев да живеам нормално. По две природни породувања, работите станаа уште потешки. Си реков дека морам да го поправам тоа бидејќи сум премногу млада за да продолжам да живеам така, откри моделот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicola McLean (@nicolamclean30)

Вагинално подмладување или вагинопластика е процедура која има за цел да ја „затегне“ вагината која се опушта по породувањето или поради стареење, а често се изведува за да се зголеми сексуалното задоволство. Таа го носи прекарот „дизајнерска вагина“.

Жените не треба да се срамат од оваа процедура поради поголемото сексуално задоволство, а безбедното лекување на инконтиненцијата може да го промени животот, изјавил д-р Ширин Лахани.

Истражување спроведено во САД во 2020 година, покажало дека 52 отсто од жените се одлучиле за операција бидејќи не им се допаѓа изгледот на вагината, додека 38 отсто како причина ја навеле сексуалната непријатност, а 37 отсто сакале да ја подобрат својата самодоверба.

Да се ​​решев за операција само поради изгледот, ќе бев многу понервозна, но тоа беше начин на живот. Процедурата беше безболна, а закрепнувањето беше сосема во ред. Не само што можам да трчам нагоре и надолу по скалите, туку можам и да трчам маратон ако сакам. Операцијата ми го промени животот, изјавила манекенката за The Sun.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.