Триесет и тригодишната Рема Земан одлучила да спроведе експеримент и да се откаже од сексот цели 365 дена, а својата приказна ја сподели за порталот „Ју танго“.

Со вистински партнер, сексот во врската секогаш е забавно и пожелно искуство. Но, се случи ситуација во која бев без секс четири месеци. Го живеев животот ден за ден и во еден момент сфатив дека поминаа четири месеци од мојот последен сексуален однос. Се посветив на кариерата, приватниот живот, личното развивање и одлучив да го продолжам тоа време без секс. Свесно одлучив да апстинирам од секс една година, раскажала таа.

Земан вели дека голем дел од времето го трошела на врски, партнери, секс… Таа тврди дека на речиси секој партнер се трудела да му помогне да ја зголеми самодовербата, го насочувала и поттикнувала, му давала поддршка, му била љубовница, мајка, сестра, пријателка, психолог. Сето тоа го сфатила со апстиненцијата.

А, со својот експеримент, целата своја енергија, знаење и способности ги трошела само на себе и на својто развој.

Тоа ми даде поинаков поглед на мојата личност и моите квалитети. Сега сум посилна од било кога претходно. Светот го гледам со своите очи, а не со туѓите. И чувството е одлично, заклучила Рема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.