Познатиот магазин за мажи „Ги прашавме мажите“ (AskMen) ги посочува знаците, кои би требало да ви покажат дека вашата партнерка, сепак, не ужива со вас толку колку што изгледа на прв поглед.

1. За време на сексот приговара за глупости

Ако за време на сексот успее да размислува за тоа дека вие би можеле да ѝ ги уништите другите работни состаноци и успее да приговара за тоа дека не сте се избричиле некаде на своето тело, очигледно дека мислите не ѝ се насочени кон тоа кон кое би требало да ѝ бидат, па ваквата ситуација не дозволува да доживее вистински оргазам, односно тоа во овој случај е невозможна мисија.

2. Оргазам секогаш во 12:06, токму пред почетокот на омилената серија

Ако е точна како будилник и доживее оргазам секогаш точно пред да ѝ почне омилената серија, секогаш во исто време, тоа значи дека прво, таа е луда по главниот актер и второ, страшно сте лош во кревет.

3. Роденден ви е

Од сите 365 дена во годината вашата партнерка е доволно напалена да доживее оргазам само на тој ден. Иако на крајот, веројатно, не вика „Среќен роденден“, треба да ви биде јасно дека, едноставно, станува збор за еден вид „роденденски подарок“.

4. „Платен“ оргазам

Многумина веруваат дека парите не купуваат среќа, но, исто така, други тврдат и дека парите купуваат оргазам. Дали вашата партнерка доживува оргазам само кога од вас добива некој скап подарок? Сфатете го тоа само како „плаќање сметка“.

5. „Одработува“ секс

Сексуалниот живот ви станал страшно здодевен, а нејзе ѝ станало сеедно дали таа вечер се издепилирала и дали вие сте останале в кревет со чорапи. Треба да ви биде јасно дека, едноставно, таа „одработува“ секс и дека единствен оргазам што може да следува е само одглумениот.

6. Сонува за холивудска кариера

Доколку вашата драга сонува за холивудска кариера, бидете внимателни, иако, можеби, оргазмот нема да го глуми добро како Мег Рајан во „Кога Хари ја сретна Сали“, што според некои е најдобро одглумен оргазам досега, сепак, можеби, еден ден, кога ќе го освои првиот „Оскар“, заблагодарете ѝ се за целата глума во спалната соба што ви ја овозможувала во текот на годините.

7. Нема предигра

Единствено нешто што жените го сакаат повеќе од „Сексот и градот“ е предигра, предигра и уште многу предигра. Ако таа во вашиот случај се сведува на тоа да се сетите да се истуширате пред сексот и да ставите на себе некој дезодоранс, очекувајте одглумен оргазам.

8. Се брза

Никој не брза со време и не ги одбројува минутите во случаи кога ужива во нешто и кога би сакал да потрае тоа. Вашата драга, очигледно, умира од здодевност, а тоа дека, навистина, доживеала оргазам можете само да го сонувате.

9. Нејзината „пријателка“ доаѓа на гости кај вас токму во време кога имате секс

Жените сакаат своите лажни пријателки да ги прават љубоморни, па добро би било да проверите дали е „сосема случајно“ токму таа вечер, кога една нејзина таква „пијателка“ доаѓа кај вас и ја отвора вратата од спалната соба, вашата драга токму во тој момент да глуми дека во креветот ѝ е вистинска „лудница“.

10. Готова е пред вас

Последно на Топ 10 листата на знаци за глумење оргазам е тој дека вашата партнерка доживеала оргазам пред вас. Како што тврдат од списанието, тоа, едноставно, е невозможно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.