Запознавањето убава и забавна девојка со која сте почнале да излегувате не значи дека ќе дојдете до секс. Постојат неколку клучни особини што жените ги бараат кај мажите за да одлучат дали ќе имаат секс со нив.

И на дамите им е битен физичкиот изглед, особено висината или снажни раце и рамења. Но, дури и оние кои на прв поглед не се вклопуваат во овие параметри, имаат добра шанса ако се доволно мажествени, покажала студија во која учествувале 3.000 припаднички на понежниот пол.

Жените сакаат кавалери кои, ако ситуацијата тоа го бара, може да бидат и мачо, но идеален тип е повеќе традиционален, отколку метросексуалец.

Жените сакаат некој да ги пази и мази, да води сметка за нив, но и да има свој став, како и да преземе иницијатива во сексот – објаснуваат истражувачите.

Истражувањето укажува кои се главни обележја на метросексуалци и традиционални типови:

Исхрана – 32 отсто мажи водат сметка во исхрана и често се на диета (метросексуалци), 68 отсто со тоа не се оптоваруваат (традиционални)

Поправки во домот – 28 отсто не знаат да сменат гума на автомобилот (метросексуалци), 72 отсто се разбираат во се (традиционални)

Мода – 46 отсто следат мода и стилови (метросексуалци), 54 отсто не се занимаваат со тоа и облекуваат што ќе им падне прво под рака (традиционални).

Спорт и вежбање – 46 отсто се грижат за својот физички изгед и редовно вежбаат (метросексуалци), 41 отсто не посветуваат внимание и остануваат во форма (традиционални)

Депилација – 38 отсто ги бричат градите и другите делови на телото (метросексуалци), 62 отсто не се бричат по телото (традиционални)

Однос спрема жени – 77 отсто најстојуваат да бидат кавалери спрема жените (традиционални), 23 отсто не раагираат на тоа (метросексуалци)

Став спрема животот – 83 отсто споделуваат ставови и преземаат одлика на однесување на повозрасни мажи следејќи пример од постарите генерации (традиционални), 17 отсто не даваат чуство на зрелост (метросексуалци)

Доминација во сексот – 14 отсто сакаат кога жена ја презема иницијативата (метросексуалци), 86 отсто сакаат да бидат доминантни во кревет и преземаат иницијатива (традиционални)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.