Момчето кое на студентката Феј Кинли од Глазгов ѝ испратило фотографија од својот пенис, останало зачудено кога таа му возвратила со фотографија од својот (и тоа поголем) пенис.

Феј е родена како машко, а таа информација воопшто не ја крие на социјалните мрежи. Но, се чини дека овој тип тоа успеал да го пропушти, па ѝ испратил порака: “Еј девојко, баш си секси” и прикачил фотографија од своите гениталии.

20-годишната студентка не губела време – веднаш му одговорила со иста фотографија, а момчето потоа ѝ напишало: “Зошто би ми го испратила тоа? Ќе го блокирам твојот број. Избриши го разговоров. Чао”.

Студентката го споделила нивниот разговор на социјалните мрежи.

Овој рандом тип ми испрати фотографија од својот пенис и не го ценеше тоа што јас му испратив фотографија од мојот, се пошегувала Кинли. Нејзиниот потег ги насмеа и воедно воодушеви социјалните мрежи и стана вирален хит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.