Во својата книга „Записи на еден венеролог“, доктор Милан Бјекиќ од Градскиот завод за кожни и венерични болести во Белград, открива со какви се ситуации се среќавал низ годините во неговата ординација. Како што пишува српски „Телеграф“, кај познатиот венеролог секогаш има редици пациенти, секогаш со некој голем и срамен проблем.

Дел од нив е и млад човек кој поради зголемување на пенисот бил на редвен преглед кај д-р Бјекиќ, по што му се пожалил:

Докторе, не можам никаде да најдам кондом за својот пенис!

Но, во книгата, наместо за големината на „алатот“ на пациентот, докотрот има друга забелешка:

Фууууј. Па, овој воопшто не се миел, како може да дојде ваков на лекар!

Понатаму, меѓу другите комични прегледи, докторот се смее и за пациент кој кај него дошол со својата мајка, која буквално покажувала каде е проблемот. Пациентот имал 27 години.

Докоторот раскажува дка гонореја може да се добие и преку орален секс, но и дека во голем дел од болестите мора да се алармира и лечи и партнерот, затоа што се работи сексуално пренослива болест. Често во амбуланта се среќаваат и сопругите со швалерките, па видел и секаков хаос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.