Дали една љубовна афера може да прерасне во брак? Исповедта на оваа жена предизвикала поделени мислења. Вака Емили ја започнува својата приказна:

„Никој не сака да биде втората жена, барем јас мислам така. Никогаш не ни сонував дека ќе се вљубам во оженет маж, но ете, се случи. Само еден негов поглед беше доволен за да комплетно да го изгубам разумот.

Јас и Џон се запознавме во фирмата каде што работевме. Поминувавме многу време заедно. Иако ми се допаѓаше, немав намера да бидам со него. Една година само се дружевме, а јас целото тоа време имав партнер. Мислев дека нашиот однос нема иднина и не преземав ништо додека еден ден тој не ми даде знак. Јасно ми даде до знаење дека му се допаѓам.

Луѓето околу мене забележаа дека сум вљубена и среќна, но не сакаа да бидам нечиј ‘втор избор’. Сепак, јас знаев дека го запознав човекот на мојот живот.

Набрзо започнавме врска и се криевме една година. Иако ми беше убаво во таа врска, помислата дека мораме да ја чуваме врската во тајност ме излудуваше, па инсистирав сè да ѝ каже на жена му. Така и беше. Тој расчисти со неа и поднесоа документи за развод.

Денес, јас сум негова сопруга и сигурна сум дека никогаш нема да ме изневери. Не ми е жал ни за неговата жена – требала да му посветува повеќе внимание. Така, никогаш не би ни помислил да ја остави.

Не сум најгорда на начинот на кој започна нашата врска, но љубовта пресуди. Да имаше доволно љубов во нивниот брак, јас не би имала никакви шанси“, заклучила Емили.

Што мислите вие за оваа врска? Ја одобрувате или сметате дека е неприфатлива?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.