Соберете „два и два“ и ќе дознаете каков маж имате до вас.

На секоја самогласка во името на мажот (значи буквите А,Е,И,О,У) доделете му одреден број и соберте. Така веќе со првото запознавање ќе може да откриете со каков маж имате работа. Доколку добиете двоцифрен број, соберете ги неговите цифри, така да на крајот добиете едноцифрен.

А-1

Е-5

И-9

О-6

У-3

1.

Тој е прилично вешт во постелата, но само кога е расположен и кога навистина сака. За жал , тој и не е чест случај. „Уморен сум“, „Имав напорен ден на работа“, „Не можам сега ништо да правам“ се речениците кои често ќе ги кажува. Околу него навистина ќе треба да се потрудите, се додека конечно не пристане да има секс. А кога тоа ќе се случи, ќе биде исклучително нежен љубовник.

2.

За овој маж никако не смееме да тврдиме дека е совршен љубовник, Имено, тој не му „ниту до малиот прст“.Овој маж е досаден, тој е само бледа сенка на љубовник каков што секоја жена би сакала да го има покрај себе. Тој сака да се фали со неговите „освојувања“ иако сето тоа се само обични лаги. Доколку повеќе се посвети на себе си , можеби тогаш би дознал што е страст и желба. Затоа помогнете му подобро да се запознае самиот себе.

3.

Овој маж обожува секс и тоа онаков жесток. Но при тоа обрнува внимание и на желбите на неговата партнерка. Ќе се погрижи за романтична атмосфера и ќе посвети доволно времена жената со која е во врска. Сепак, ваквото негово однесување не делува ниту малку спонтано. По неколку недели поминати со него ќе имате чувство дека се однапред планира и набрзо сето тоа ќе ви стане здодевно. Затоа ви ја препорачуваме следната тактика: изненадувајте го постојано и направете се за да не ви се вовлече досадата во врската.

4.

Со овој маж можете да доживеете одличен секс, но само доколку имате исти интереси и желби како и тој. Тој никогаш нема да се откаже од сексот, дури ќе се преправа дека нешто му е убаво само за да дојде до секс. Тој сака игри, масажи и невообичаени пози. Ако вам тоа не ви допаѓа тогаш ќе се најдете во проблем.

5.

Тука станува збор за еден исклучително шармантен маж. Тој ги знае вашите тајни и умее да ве доведе до лудило со само еден допир. Понекогаш е доволен и поглед за да ве направи среќна. Сепак, никако не смеете да го прашате кади и како ги научил тие „трикови“ бидејќи тоа може да го повреди.

6.

Зад овој број се крие следна порака: тој сака секс, тој во себе носи нешто „животинско“. Бројот 6 е ѓаволски број. Кога ќе се опушти нема да можете да го сопрете. Можеби токму тоа ви се допаѓа? Одлично! Доколку сакате да доживеете неверојатна страст полна со интензитет и чувства тогаш нема да се делите од овој маж.

7.

Ниту еден маж нема да покаже поголемо сочувство од него. Тој умее да го слуша својот соговорник, многу е внимателен и нежен љубовник. Сака да слуша романтична музика и да ужива со сите сетила. Препуштете му се и заборавете на се друго кога тој ве посакува.

8.

Осум е бројот на бесконечност, а вие „фативте“ маж кој не знае кога е доста. Тој секогаш сака секс и тоа интензивен. Затоа ќе ви биде фантастично доколку и вие сте таква. Во спротивно е морате да најдете начин како да ги задоволите неговите потреби. Сепак, сонот на многумина жени е да бидат токму со ваков маж.

9.

Бројот девет симболизира маж кој кога ќе ви ја демонстрира неговата страст ќе имате чувство дека сте во некој сосема друг свет. На него сексот му е крвта, ауметноста на заведувањето е неговото второ име. Единствениот проблем е што ништо дурго не му е на памет освен сексот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.