Дали сте почувствувале интензивна желба за секс додека сте биле болни? Изгледа тоа им се случува речиси на сите. Во такви ситуации сексот може да биде многу повеќе од задовоство – може да биде лек!

Познато е дека сексот го подига имунитетот. Една студија објавена во магазинот „Psychology Report“ покажува дека луѓето кои почесто практикуваат секс, имаат повисоко ниво на имуноглобулин А, кој е одговорен за силен имунитет. Сексуалниот апетит додека сте болни е само сигнал како да си помогнете.

Освен тоа, за време на секс, особено при оргазам во телото се испушта големо количество адреналин, хормон кој е делотворен при настинка и може да одзатне нос, па за почеток сексот е делотворен лек при настинки.

Допирите и прегратките исто така имаат моќ да го наполнат организмот со окситоцин „хормонот на љубовта“, поради кој луѓето генерално се чувствуваат подобро. Поради тоа, дури и ако не сте претерано расположени за секс додека лежите во кревет и се мрсулавите, обидете се да си помогнете со неколку изцелувачки прегратки.

Секскот има уште една добробит за организмот- тој е одличен тренинг. Вежбањето е супер за подигање на имуниеттот и им се препорачува на болните барем да се раздвижуваат за да закрепнат. Секако дека нема болни да одите во теретана, но ништо не ве сшречува да си ја донесете дома – хоризонтален тренинг ќе ви годи и ќе ви помогне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.