Грците се најдобри во кревет, а епитетот врвен заводник и љубовник се должи на здравата медитеранска исхрана, покажало едно истражување.

Тие се „шампиони“, а кога се во прашање сексуалните навики, дури 87 отсто од возрасните водат љубов барем еднаш неделно, што е повеќе од која било друга земја. Охрабрен од ова сознание, секс експертот Јасмин Хариша се обидел да открие детали за интимниот живот на луѓето во други земји, односно колку се склони кон менување на партнери, пишува Магазин. Вести.

Кога станува збор за понежниот пол, Нов Зеланд е без конкуренција. Во таа земја жените водат страстен емотивен живот и уживаат во богат и разновиден секс. Тоа го поткрепува и фактот што во текот на животот менуваат во просек 20,4 сексуални партнери.

Светскиот рекорд во машка конкуренција го држат Австријците. Неколку истражувања откриле дека најголем број партнери се мажи од земјата на Моцарт и Штраус, што е во просек 29,3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.