Благодарение на голот што го постигна против Бразил во финалето на СП, заедно со Зинедин Зидан, Еманел Петит во 1998 година беше еден од најпопуларните Французи. А оваа популарност на некогашниот играч на Барелона, Челзи и Арсенал и тоа како му помогнало кај жените. Тој самиот зборува на оваа тема во едно интервју.

„Секогаш сум имал „проблем“ со жените, дури и пред СП, но по таа 1998 година се влоши.Меѓутоа не се жалам. Жени, па дури и они кои беа во брак доаѓаа да ме видат. Ми ги даваа своите броеви“ открива Французинот.

Тој раскажува и една необична случка:

„Една ноќ бев пред ресторан и чекав такси кога изненадувачки ми пријде пар, а момчето ми даде непристоен предлог. Сакаше да имам секс со неговата жена додека тој гледа. Само му е заблагодарив на понудата и го одбив“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.