Ако сте слушнале деновиве мажи како разглобуваат за тоа дека пенисот им изгледа поголем или пак ве изненадило огледалото, пред да се насмеете, треба да прочитате за феноменот летен пенис.

Се работи за кованица на Трејси Мур од магазинот Мел, која на сицијалните мрежи пред неколку години наишла на неколку исповеди на мажи кои тврделе дека на топлото пенисот им изгледа поголем.

„Дали некој забележал како варира големината на пенисот во зависност од годишното време? Знам дека мојот е поголем и дека имам подобри ерекции лете, а зиме е спротивно. За што се работи? Има ли некој друг со мојов проблем?“, „Лете кога ми е спуштен долг е скоро 12 цм, а зиме дури 6 цм.“, „Летните пениси се најдобри“, „Мислев дека се филмам кога ќе ми се случи тоа лете“, се дел од коментарите на кои наишла, а потоа се обидела да ја реши енигмата.

Се обратила кај уролог, кој ѝ потврдил дека температурата моѓе да предизвика промена, но тоа не е исклучиво промена базирана на годишното време.

Било да е лето или зима големината на пенисот би требало да остане иста, но кога надвор е ладно, телото се обидува да ја задржи топлината и ги прави работите помали. Вените во близина на кожата ја одржуваат температурата, но вазоконстрикцијата не би требаало да влијае на големината на пенисот, одговорил урологот.

Друг уролог дава друго објаснување.

Топлината предизвикува ширење на вените, вазодилотација, го зголемува дотокот на крв во омилениот дел од телото и делува како „метеоролошка вијагра. Тоа предизвикува поцврста и подолготрајна ерекција. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.