Депилацијата и отстранувањето на несаканите влакна од телото е вообичаен начин за одржување на хигиена. Сепак, експертите предупредуваат дека отстранувањето на срамни влакна е многу штетно и претставува голем ризик за здравјето.

Кожата страда во текот на депилацијата. Не е важно кој метод на отстранување на влакната го користите, сите се многу штетни. Кожата околу гениталиите е многу чувствителна сама по себе. Отстранувањето на срамните влакна го зголемува ризикот од инфекција, сексуално преносливи болести и херпес. Овие опасности особено се закануваат кај младите жени, вели д-р Емили Гибсон.

Таа предупредува дека срамните влакненца имаат своја важна намена.

Тие се слојот кој штити од триење, што може да предизвика многу повреди на кожата. Влакненцата се и заштита од бактерии. Отстранувањето иритира и може да остави микроскопски отворени рани. Ова го зголемува ризикот од инфекција и сексуално преносливи болести, објаснува Гибсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.