Каква врска може да има вашата мајка со вашата врска? Голема, вели една студија објавена од Универзитетот во Охајо. Луѓето чии мајки имале повеќе партнери, брачни или вонбрачни, има големи шанси да тргнат по истиот пат. Резултатите на студијата сугерираат дека мајките им пренесуваат на децата особини и вештини кои прават нивните деца да формираат стабилни или помалку стабилни врски. Претходни истражувања покажуваат дека децата на разведени родители почесто се разведуваат од децата чии родители не се развеле, но ова фрла ново светло на влијанието на родители на односите на децата.

Во истражувањето биле користени податоци од претходни долгорочни истражувања кои следеле учесници повеќе од две децении. Истражувачите пошле од теоријата дека постарото дете е позагрозено, кое гледало како мајката оди од врска во врска, додека помалите деца се позаштитени, зашто не се изложени на голем број партнери на своите родители.

Сепак, се покажало дека тоа не е точно, па заклучиле дека мајките им пренесуваат особини и вештини на децата. Научниците шпекулираат дека макјите кои имаат повеќе партнери можеби не се носат добро со конфликти или немаат добри меѓучовечки вештини или имаат ментални проблеми, а сите тие фактори доведуваат до нестабилност во врската и можат да им се пренесат на наследниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.