Аманда Мекракен чекала 4 децении како би ја изгубила невиноста, а во меѓувреме излегла на состаноци со 100 мажи пред да го пронајде оној за кој сметала дека е достоен да биде интимен со неа. Нејзината приказна сепак има среќен крај.

Среќникот по име Дејв, ја оборил со својата појава оваа избирлива 42 годишна жена откако ја запознал во бар на покрив на зграда, каде уживала со пријателите.

Два месеца подоцна, парот застанал на лудиот камен, а Аманда брзо после тоа најавила дека чекаат бебе.

Не е изненадување дека Аманда била затекната со овие вести, посебно откако толку време поминала во потрага по љубов. Во пост за Денот на заљубените открила што значело чекањето на вистинскиот.

Моите романси кои траеја од една ноќ до една година, беа со мажи од различни години, од 15 години помлади до 15 години постари. Излегував со физичар, капетан во војска, стриптизер, филозоф, професионален кантри пејач, мировен преговарач, капетан на јахта, професионален спротист, сликар, пожарникар, лекар, министер, мноштво адвокати и доволно инженери да се заснова компанија – рекла Аманда.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.