Компанијата „Порнхаб“ одлучи да му овозможи на целиот свет да ги користи премиум услугите на нивниот сајт за возрасни во наредните 30 дена бесплатно. Со ова, сакаат да ги поттикнал луѓето да останат дома и  да дадат свој придонес во спречувањето на проширување на епидемиолошката криза.

За да пристапите до услугата PornHub Premium, треба да се регистрирате на официјалната веб-страница на услуги, при што корисниците наведуваат дека нема да ги напуштат своите домови и дека „ќе уживаат со часови со HD содржината за возрасни“.

Ако се прашувате што ја разликува премиум од редовната бесплатна услуга, разликата е во квалитетот на содржината, така што сега е можен бесплатен пристап до содржината во резолуција 2K и 4K,, пренесува Нетокрација.

Компанијата одлучи и дека 85% од профитот за април ќе го даде на порнографските актери кои се погодени од ситуацијата, а донираат и 25 илјади долари на Проектот за сексуални работници преку кој се поддржуваат лицата од индустријата кои се останати без примања.

Дополнително, Порнхаб донирале и 30 илјади медицински маски за итните медицински служби и противпожарните служби од Њујорк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.