Надвор е пролет – живи сме! Утре ја испраќаме зимата, со што и официјално почнува најдобрата сезона во годината. На малиот милион причини зошто пролетта е најдоброто годишно време, ги имаме и овие 12:

1. Месечна прогноза: Секс

Има нешто во топлото време што во нас буди желба да се соблекуваме. Покрај тоа, пријатното време прави чуда за кожата и косата и сите изгледаат посвежо. Сега, конечно, можете да забележите дека дечкото што седи спроти вас во кафулето има супербицепси.

2. Сексот со отворен прозорец е подобар

Сексот покрај отворен прозорец во топла пролетна ноќ…. Се чувствувате помалку како егзибиционист.

3. Исто како лето… само без потење

Познато е дека во лето сите полудуваат по секс, но тогаш често пречи и жештината, поради која се случува желбата бргу да се загуби, што не се случува во пролет.

4. Априлските и мајските дождови се супер

Дали сте се обиделе да се бакнувате на пролетен дожд, не носејќи чадор? Обидете се, страшно секси е.

5. Сезонска алергија

Кога ќе настапат сезонските алергии, посакувате да останете цел ден дома во посетела… голи. Искористете ја можноста и отсуствувајте од работа ден, два и поминете ги во кревет, со вистинската личност.

6. Предиграта е подолга

Штом времето ќе се разубави и предиграта може да биде разновидна и подолга. Кој во зима би си играл со коцки мраз?

7. Самодовербата расте

Штом гледате како пролетта влијае на вашата психа, но и на кожата и косата и сами себе си изгледате секси и добивате самодоверба.

8. Станувате порано

Повторно имате време и услови за утрински секс, кој, според многумина, е најдобар.

9. Мини-здолништа

Кој не се чувствува повеќе секси во мини-здолниште отколку во тренерки? И не е за чудење што во зима сексуалната желба опаѓа, кој ќе чека додека од себе ги соблечете сите тие слоеви облека.

10. Секси долна облека

Повторно можете да носите секси долна облека, наместо волнени зимски пижами и вашиот партнер повторно под раката може да го почувствува нежниот допир на свила и чипка.

11. Свежо цвеќе

На пазар може да купите разновидно цвеќе, кое ќе внесе роматика во вашиот дом и со својот мирис и со својот изглед.

12. Од природата не може да се побегне

Пролет е, инаку, сезона за парење и размножување, а човекот сѐ уште е дел од природата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.