Се чини дека Лука Дончиќ сѐ уште не навикнал на китериумите на судење во најсилната лига на светот. Кошаркарите на Далас ноќеска го победија Портланд, Дончиќ имаше одлично издание. Средбата ја заврши со 21. поен, имаше девет скока и три асистенции.
Но при една дискутабилна судиска одлука потполно ги загуби нервите.

При дуелот со МекКалум, Словенецот само стоеше со подигнати раце, бекот на гостите исценира прекршок. Судиите наседнаа на обидот при шут, и му дадоа две слободни фрлања на белот на Портланд.

Словенецот остана во неверување. Едноставно, збесна поради таа одлука. Веќе не можеше да ги исконтролира емоциите, па почна да пцуе, и тоа на српско-хрватски јазик.
И тоа доста сочно… и неразбирливо за судиите…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.