понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 107 ново
Неделен хороскоп за: 20.08.2018 - 26.08.2018

Риби 22.2. - 20.3.

Во достоинствен стил и без непотребни прашања прифаќате нечие критизерско мислење или коментари кои ви се допаѓаат. Не можете да правите преодни компромиси кои не се во согласноост со вашите морални начела, сега е доцна да ги корегирате своите пропусти или да ја менувате работната стратегија. Насочете ја својата креативна енергија во корисен правец и стрпливо почекајте на соодветни услови. Своите чувства можете да ги подведете на некои „разумни мерила“, но тоа нема да ви пречи да ги остварите своите љубовни намери. Вашето однесување на најдобар начин го отсликува љубовното задоволство или расположението кое го чувствувате во нечие присуство. Важно е да го следите својот „внатрешен глас“ или инстинкт.

Top