понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 107 ново
Месечен хороскоп за: август 2017

Стрелец 23.11. - 21.12.

Љубов

Партнерот и вие нема секогаш да успевате да се усогласите во текот на овој период, што посебно ќе биде видливо во втората половина на август, кога владетелот на партнерските односи, Меркур, ќе тргне во ретроградно движење. До тој момент можеби би можеле да се обидете да го стабилизирате односот, да можете да решите некои ситуации за кои знаете дека порано или подоцна ќе излезат на дневен ред… Генерално гледано, вие нема да бидете задоволни со односот со саканиот(ата), а и другата страна и тоа како ќе има забелешки на вашата врска и комуникација. Сатурн во вашето поле на личноста кон крајот на август ќе тргне во директно движење и ќе биде во одличен апсект со Јупитер кој владее со вашиот знак. До тој период би требало добро да ја изанализирате целата ситуација со саканиот(ата) и да сфатите што сакате да правите понатаму…. Доколку сте слободни, овој период ви е отворен за авантура со една или повеќе личности. Во втората половина од месецот, личноста со која порано сте оствариле емотивна конекција, ќе се обиде повторно да ви се приближи. Само од вас зависи дали ќе се вратите на „стари патеки“ или ќе се откажете од ваа приказна.

Работа

Овој месец е исклучително погоден за Стрелците кои соработуваат со странци, бидејќи имаат големи можности да го прошират обемот на работењето. Во втората половина на август ќе ви се отворат можности и за почести патувања вон земјата. Генерлано гледано – Меркур во вашето поле на кариера, планета која владее и со партнерските односи, ќе ви донесе шанса да направите некои значајни потези, да ја зајкнете постоечката соработка и да ги зацврстите своите позиции. Кога Меркур ќе тргне ретроградно во текот на вториот дел од месецот, ќе мора да се посветите на обврските кои ги имате пропуштено, да доработите некои работни проекти или да се вратите на соработката која поради некоја причина ја имате „запуштено“. Сепак, овој период ќе ви донесе можност и да обновите некои прекинати соработнички односи.

Здравје

Вашето здравје е под притиск само во текот на втората декада од месецот, кога ќе бидете склони кон претерување во храната, пиењето, но и другите животни задволства. Постарите припадници на знакот во тој период може да бидат чувствителни повеќе од вообичаено, но може да ви се вратат и некои хронични тегоби.

Top