понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 107 ново
Месечен хороскоп за: август 2017

Девица 23.8. - 23.9.

Љубов

Во првиот дел од месецот не би требало да имате било какви поголеми проблеми  во односот со саканиот(ата). Сонцето и Марс во вашето поле на потсвеста ќе ја работат својата работа – ќе ви донесуваат повремено несигурности во врската, но нивното влијание нема да се чувствува во голема мерка во првата декада од месецот. Проблемите настануваат од ретроградното движење на вашиот владетел Меркур, во текот на втората декада. Нервите ќе ви бидат се потенки, ќе почнете да се враќате на старите, веќе решени проблеми со саканиот(ата), да ситничите и критикувате и кога е непотребно. Тензиите во вас ќе бида прилично силни и би требало да водите сметка да не избрзате со некои потези кои може да доведат до дистанцирање и заладување на односите. Осамените Девица ќе имаат променлив емотивен живот. Шансите кои ќе ви се појавата веројатно нема да бидат премногу инспиративни за вас. Некои од вас може да влезат и во таен однос со личност која е во врска, што брзо ќе почне да ве оптеретува.

Работа

Најтешко ќе ви биде да се изборите со оптеретувањата на дневна база. Доста од тоа нема да можете да контролирате или ви е непознато кога се во прашање вашите позиции, но ќе имате и чувство дека било каков напредок или подобрување доаѓа исклучително споро, колку и вие да се трудите. Ќе мора да преиспитате и некои свои постапки од претходниот период, повторно да поминете низ плановите и да исправите некои детали, да се прилагодите на барањата на пазарот. И покрај ретроградноста на вашиот владетел Меркур, работите дефинитивно ќе тргнат на подобро во третата декада од август. Од финансискиот сегмент сепак ќе бидете задоволни, бидејќи тука интуитивно ќе повлекувате вистински потези.

Здравје

Често ќе бидете нервозни, имунитетот не ви е во најдобра фаза, а веројатно е дека ќе имате проблем и со константното враќање на некои симптоми за од кои мислите дека се имате ослободено. Најдобро би било еден добар дел од август да го искористите за одмор.

Top