понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 107 ново
Месечен хороскоп за: август 2017

Лав 23.7. - 22.8.

Љубов

Помрачувањето на Месечината во полето на сериозни емотивни и брачни партнерства и помрачувањето на Сонцето во вашето поле на личноста имаат силно влијание на односите кои ви се важно. Во најблаг случај ќе ви донесе проблеми во емотивниот живот, а од тоа како ќе се поставите кон нив, ќе зависи и крајниот исход на случувањата. Мора да разберете дека сте во период кој ви донесува доволно сила на личноста ситуацијата да ја свртите кон позитивно решение.  Колку што повеќе ќе бидете насочени кон потребите и партнерот, а не само на она што ви е на вас важно, толку повеќе ќе направите односите кои ви се важни да останат стабилни. Ви се препорачува што повеќе да ја вклучите саканата личнст во своите активности, да поминете повеќе време заедно и тоа во некои ситуации кои и на двајцата ви одговараат. Осамените припадници на овој знак ќе се потрудат да бидат во самиот центар на случувањата и „окупирани“ со погледи на спротивниот пол. Од вас сега зависи дали оваа енергија сега ќе ја насочите само на минливи, летни авантури или ќе се насочите повеќе на создавање на траен и стабилен однос, што сега е можно. Посебно втората половина од месецот е повеќе од погодна сериозно да се заљубите и да отпочнете однос кој може да ви биде многу важен.

Работа

Позицијата на Сонцето и месечината во полето на личноста ќе им донесе потреба на Лавовите да избијат во прв план, вашиот авторитет ќе зајакнува и исклучително ќе ви одговара што вашите соработните ќе го препознаваат и ќе сакаат да ги засилат службените контакти со вас. Она од што треба да се чувате е да не го ставате само својот интерес во прв план, да не помислите дека можете сами и дека никој не ви е потребен. Егото оставете го настрана и посветете се на зајакнување на контактите и преговорите со силни фирми и поединци кои се подготвени да ве сослушаат. Во втората половина од месецот треба да бидете внимателни кога се во прашање инвестициите. Исто така, можно е да имате смалување на приливите на пари.

Здравје

Месецот е исклучително погоден за оние кои се занимаваат со спорт или сакаат да се рекреираат. И покрај силната енергија, повремено ќе чувствувате замор и ќе сфатите дека ви е потребно повеќе одмор и релаксација.

Top