понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 107 ново
Неделен хороскоп за: 20.08.2018 - 26.08.2018

Стрелец 23.11. - 21.12.

Делувате многу енергично во ситуациите кога ги браните своите работни цели и интереси, но немате доволно концентрација да се посветите на деталната анализа на случувањата. Постојат различни фази на можности во службените преговори. Важно е рационално да ги користите енергијата и времето. Непотребна расправа и задржување на одвишок детали може да ве одалечи од главните цели. Ви недостасува добар увид во работите со кои се занимава љубовниот партнер, бидејќи секој од вас е преокупиран со своите сфери на интерес и планови. Комплиментите кои ги добивате од некој од страна, ве наведуваат на погрешни очекувања. За жал, некој не може да ви го допушти саканото уживање во емотивниот или страстен контакт.

Top