сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново
Месечен хороскоп за: август 2017

Јарец 22.12. - 20.1.

Љубов

Планетата на љубовта Венера, во текот на поголемиот дел од август е во вашето поле на сериозни емотивни и брачни партнерства. На Јарците им се насмевнува еден убав љубовен месец, кој би требало да го посветат еден на друг и подлабоко да се поврзат на емотивно ниво. Ќе имате неколку моменти кога односот малку ќе се „лула“ и тоа најмногу поради љубомора и посесивност кон саканиот(ата). Она што е уште интересно е дека некои од вас и покрај добрата ситуација со партнерот, може да паднат под шарм на личност со која службено соработуваат. Нешто што ќе започне како лесен флерт многу брзо може да ве заземе, а од друга страна може многу силно да се врзи за вас. Бидете внимателни. Слободните припадници на овој знак може да доживеат фатална привлечност и силен еротски поттик кон една личност. Се помеѓу вас двајцата ќе се одвива со голема брзина, со многу претерувања и во страст, но и во другите сегменти – брзо двајцата ќе станете многу посесивни, а дефинитивно е дека некои постапки  лично и нема да ви се допаднат. Прашање е во кој правец оваа приказна ќе се одвива понатаму. На некои од вас и личност од минатото ќе и затропа на врата, обидувајќи се да ве потсети на она што сте го имале од порано….

Работа

Неспоредливо поповолен месец од оној кој го имате оставено позади себе. Венера во полето на работни партнерства, стабилен Јупитер во полето на кариера, Меркур во полето кое владее со странство – ова се позиции кои се исклучително поттикнувачки за вас и кои ве туркаат во правец на некои посилни работни обврзувања. Владетелот на вашиот знак, Сатурн, конечно тргнува во директно движење пред крајот на месецот и во силен апсект со Јупитер, што на Јарците конечно ќе им донесе  остварување на работните тежненија, а на неки од вас и напредок во службата или некоја форма на наградување. Во време на ретроградноста на Меркур, во вториот дел од август – ќе биде потребна поголема ваша организираност и од вас ќе се бара да се ангажирате околу некои обврски или проекти кои ги имате запустено или ставено во втора план.

Здравје

Поради позицијата на Венера повремено ќе бидете склони кон претерување, посебно во текот на втората декада од месецот. Бидејќи владетелот на вашето поле на здравје во тој период тргнува ретроградно, евидентно е дека повеќе внимание ќе треба да посветите и на своите животни навики, но и на односот кон своето здравје.

Top