понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 107 ново
Месечен хороскоп за: август 2017

Риби 22.2. - 20.3.

Љубов

Ова е месец во кој се случува ретроградноста на Маркур, планетата која владее со вашите партнерски односи, и тоа баш во полето на врските и бракот. Првиот дел од месецот за зафатените Риби е доста стабилен, вие лично сте нашле некоја доза на мир во себе, знаете што сакате кога е вашата сакана личност во прашање и ќе се трудите со нежност , поддршка и внимание да и покажете колку ви значи. Сепак во другиот дел на месецот ќе мора да излезат на површина и некои прашања кои до сега сте ги потискувале и занемарувале. Бидејќи аспектите на другите планети ве поддржуваат во тој правец, ова може да биде период во кој може да ги средите проблемите од минатото поради кои се чувствувавте несигурно. Иако ќе имате променливо расположение, не може да се порекне дека ова е добар месец за паровите. Осамените припадници на овој знак со Венера во полето на љубовта ќе имаат нови емотивни можности. Затемнувањето на месечината во вашето поле на тајни може да донесе нов, таен однос, но поедини припадници на овој знак ќе успеат да ја прекинат комплицираната ситуација или да и пристапат на сосема поинаков начин. Вториот дел на август, може да ви врати некоја поранешна љубов, а вие размислете дали ќе и дадете можност или не. Генерално гледано за почеток на нови љубови одговара другиот дел на месецот некаде после 22-ри.

Работа

Во овој сегмент се ќе се одвива потполно вон ваша контрола. Промените ќе се случуваат изненадно, количината на обврски ќе ве оптеретува, а ќе има ситуации во кои соработниците и колегите ќе донесуваат неочекувани потези. Но, владетелот на вашиот знак е во стабилен аспект со Сатурн во полето на кариера, па сепак евидентно е дека се што се случува е поволно за вас и оди во правец на унапредување или зајакнување на позицијата. Она што во минатите години вистински сте го сработиле сега ќе може да го наплатите. Во финансиски сегмент имате значително подобрување во вториот дел на месецот.

Здравје

Во вашето поле на здравје се Сонцето и Марс, а во него ќе се случи и затемнување. Физички би било добро да се посветите на здравствениот сегмент и да ги смените вашите навики. Психички, затемнувањето на Месечината во полето на потсвеста ви носи стрес, ментален дисбаланс и оптеретеност.

Top