сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново
Месечен хороскоп за: август 2017

Бик 21.4. - 20.5.

Љубов

Во третата деакда од месецот оние кои се во брачни заедници ќе бидат на еден „трусен“ терен. Затоа е неопходно од самиот почеток на август со партнерот да се обидувате да пронаоѓате заеднички јазик и да оставате нерешени проблеми. Слична ситуација е и со Биковите во подолги емотивни врски. Првите две декади од месецот потрошете ги на вистински начин – често излегувајте со партнерот, потрудете се некој релаксирачки момент да биде дел од вашето секојдневие. Ќе бидете отворени, лесно ќе ги искажувате емоциите и нежноста кон саканиот(ата), а другата страна, и покрај големите обврски со кои ќе биде преокупирана, сепак ќе одвојува доволно време за вас. Она што најдобро ќе функционира е сексуалниот елемент на врската, па вистински момент е топлите летни денови долнително да ги „зачините“. Слободните Бикови имаат добра шанса да пронајдат личност со која на прв поглед ќе се поврзат. Сепак ќе треба да се научите да бидете и стрпливи бидејќи почетокот на односот ќе се одложува. Она што секако ве чека е доста дружење, доста движења и нови познанства, па лесно ќе го трошите времето додека чекате избраникот на вашето срце конечно да „смисли“.

Работа

Во текот на првата декада од август воглавно ќе бидете насочени на секојдневните работни обврски. Мирна ситуација, без многу случувања, без големи промени во овој период. Веќе во втората декада од август ќе влезете во еден напнат период, најмногу од причина што ќе тргнете во дејство, ќе се разработите. Контакти со нови службени соработници, договори и многу состаноци, од кои некои ќе бидат многу успешни, додека пак за придвижување на други сепак ќе мора да почекате погоден период, бидејќи ретроградното движење на Меркур во еден дел ќе одложи одредени ваши дејства. Бидејќи оваа планета владее и со вашиот финансиски сегмент, од половината на месецот очекувајте или помал обем на пари или покомпликувана наплата на побарувања.

Здравје

Во текот на втората декада ќе имате мал пад кога е во прашање здравјето. Во тој период би требало повеќе да одморате, да се трудете да избегнувате стресни и напнати ситуации. Некои од вас во тие денови ќе треба да променат нешто во начинот на исхрана или да започнат рекреација.

Top