Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против И.С. (37) од село Елово, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 02.09.2018 година околу 17 часот во село Сопиште, скопско при преземање на мерки за контрола и преглед на патничко моторно возило „Даеву Есперо“, натоварено со огревни дрва, а управувано од пријавениот, тој физички го нападнал полицискиот службеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.